Македонија
29. April 2016 - 16:53

Oхрид полн зa велигденските и правомајските празници

Во пресрет на големиот христијански празник по трет пат Велигденски саем во Охрид. На плоштадот Крушевска република на поставените штандови околу 25 учесници продаваат ракотворби, украси ,традиционална храна ,сувенири и други рачно изработени предмети.Оваа манифестација има хуманитарен карактер и предвидено е со средствата од продажбата да им се помогне на социјално загрозените семејства.

Саемот  од година во година е се помасовен и по бројот на учесниците и по посетеноста и претставува одличен почеток на Велигденските празнувања.

 Инаку Охрид за Велигденските празници е полн со туристи од сите краеви ширум светот а православните храмови се исполнети со верници .