Македонија
2. August 2016 - 16:51

Охрид полн за илинденските пранзици

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона.Летните горештини го наполнаа градот со туристи од сите краеви ширум светот а  традиционалните фестивали, светските музички атракции и концерти дополнително ја проширија понудата. Илјадници гости синоќа пулсираа во ритмот на светскиот диџеј Nicky Romero на „Билјанини Извори“кој го најави стартот на  првото издание на фестивалот „Ohrid Calling“, а популарниот српски рок бенд „Ван Гог“, со концерт на летната сцена Долни Сарај ја крена публиката на нозе.

Посетителите презадоволни од убавините на Охрид уживаат долж ривиерата ,плажите ,рестораните и кафетериите .

Инаку  Охрид останува привлечен за посетителите .Настапот на легендарниот гитарист Ал Ди Меола  ,кубанската џез легенда Артури Сандовал и најголемата атракција светски познатиот бенд Продиџи дополнително ќе го зголемат бројот на туристите .