Бизнис
7. April 2018 - 18:31

Охрид полн со туристи за празникот

Главниот туристички центар полн со туристи .Продолжениот празничен викенд и сончевото  време допринесоа голем број на посетители од земјава, регионот но и од подалечните земји воскресението Христово да го дочекаат во градот под Самоиловата тврдина.Хотелите долж ривиерата се речиси полни а место повеќе се бара и во приватното сместување.

Многубројните туристи уживаат во прошетките низ стариот дел од градот,чаршијата и културно историските знаменитости а празникот ги наполна и кафулињата и рестораните долж ривиерата.

Панорамските прошетки со бродовите и катамаранети се атрактивни и барани од страна на гостите кои уживаат да пловат по Охридското езеро .

Инаку традиционално вечерва веста за Христовото воскресение верниците ќе ја дочекаат во некои од многуте древни  храмови во градот а централното чествување ќе биде во црквата на Свети Климент и Пантелејмон нa Плаошник.