Македонија
26. July 2020 - 16:32

Охрид полн со туристи, се почитуваат ли мерките?

Охрид полн со гости. Топлото време посилно од стравот од Ковид 19, домашните туристи го окупираа градот. Во приватното сместување, вилите и апартманите има најмногу посетители, но и хотелите се доста посетени. Раздвиженост има по чаршијата, кејот и плажите долж Охридското Езеро. Следниот викенд се очекува уште поголема гужва кога туристичкиот центар за Илиндеските празници традиционално го живее шпицот на сезоната 

Ова лето 90 % од резевациите се од страна на домашните туристи тие покрај за здавствената безбедност прашуваат и за цените, кои според туристичките работници се намалени како во угостителските така и и во сместувачките објекти.

Охрид за збогатување на понудата на гостите кои одмараат на ривиерата нуди културно забавни настани согласно протоколите во време на пандемија.

Туристичките работници велат дека гостите се добредојдени но апелираат макисмално да се придржуваат кон мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.