Македонија
22. January 2019 - 16:30

Охрид полн со туристи, но и со глутници улични кучиња - стационарот е готов, се чека дозвола

Главниот туристички центар окупиран од кучиња скитници. Граѓаните се жалат на глутниците,  кои ги има  речиси насекаде на Градскиот плоштад, по чаршијата, парковите и улиците.

Велат не се чуствуваат безбедни, бидејќи се случува кучињата да манифестираат  агресивност.Од ЈП Охридски Комуналец најавија дека стационарот со капацитет за третман на 30 кучиња дневно е изграден , се чека уште на дозволата за работа што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство , набавени се и две возила за транспорт а вработен е и еден шинтер .

Грданоски вели дека најголем проблем е тоа што се носат кучиња со возила од други градови а и практиката на несовесните граѓани кои ги оставаат на улица своите миленици за кои повеќе не сакаат да е грижат.

Деновиве пак група љубители на животни од Охрид изработија  повеќе импровизирани куќички за бездомни кучиња, поставени на повеќе локации се со цел да им се помогне на беспомошните животни кои немаат засолниште во студените зимски денови.