Македонија
24. December 2016 - 17:46

Охрид полн со гости за празничниот викенд

Охрид полн со традиционалните гости за Католички Божиќ Викендов на охридско струшката ривиера најбројни се туристите од Грција,Бугарија Албанија и Црна Гора .Сончевото време допринесе посетителите да прошетаат покрај кејот, стариот дел на градот и да ги обиколат црквите и културно историските знаменитости.

Повеќето хотели долж езерото и за новогодишните празници се резервирани, најбарани се тридневните пакет аранжмани.

Туристичките работници велат дека божикните празнувања се оптимистичка најава за претстојните новогодишни не само во хотелските капацитети кои се речиси  исполнети туку и за приватното сместување .