Македонија
22. July 2020 - 12:25

Охрид подготвен за туристичкиот пик за Илинден

Охрид ја живее сезоната во време на коронавирус.Летните горештини го зголемија бројот на домашните гости, пристигна и првата група од педесетина полски туристи, а поголем наплив се очекува за Илинденските празници.

„Погледнете ја оваа глетка. Ние сакаме да патуваме, да запознаваме нови луѓе, го сакаме Балкан. Бевме минатата година и сега повторно сме тука, многу еубаво .

Топлото време и високите температури ги натераа туристите да дојдат на капалиштата долж езерото. Посетителите кои ги затекнавме велат дека секое слободно време го користат да одмараат на брегот на езерото но совесни почитувајќи ги мерките за заштита од заразата.

Поранешните концесионери на плажите сметаат дека оваа сезона е поинаква од изминатите го нема она располжение гужви и дружења на плажите .

Туристичките работници велат дека шпицот на сезоната вообичаено е за празникот Илинден кога посетеноста бележи максимум и период кога има и најголема заинтересираност за смстување во објектите.