Македонија
7. July 2020 - 18:53

Охрид подготвен за да ги пречека гостите оваа сезона

И додека границите на европските земји остануваат затворени за Македонците Охрид подготвен за гостите. Поголема раздвиженост моментално има за време на викендите, а по 15ти јули туристичките работници очекуваат домашните посетители да бидат најбројни на ривиерата. Најголем интерес моментално има за ваучерскиот туризам кој се очекува да ги наполни сместувачките капацитети.

Најбарани од страна на туристите се собите, апартманите и становите за одмор.

Околку 90 проценти од сместувачки објекти се од повисоката категорија според квалитетот. Инаку според регистарот на секторот на туризам и локален економски развој Охрид располага со околу 4300 легла во хотелите и вилите и 2900 во приватното сместување.