Македонија
13. January 2016 - 16:32

Охрид подготвен ја чека Василица

По новогодишните и божиќните празници Охрид подготвен и за дочекот на Старата Нова година. Домашните и оние од нашето соседство најбројни во хотелите долж езерото . Прославувањето на Валисица во градот има вековна традиција.Примамливите понуди кои  нудат спој помеѓу традиционалното и модерното од година во година се попривлечни за туристите.

Според туристичките работници најбарани се дводневните аранжмани во хотелите а огромен е и интересот и за рестораните каде се нуди организирана прослава за Василица.

Палењето огнови, кумството, вртењето паричка, и богатата трпеза се обичаи кои охриѓани сеуште ги практикуваат.Инаку поголем број на посетители Охрид очекува за Богојавление Водици.