Македонија
15. April 2021 - 12:33

Охрид: Пандемијата го намали бројот на крводарители

Состојбата со коронавирусот ја зголеми потребата од крв и крвна плазма во Охрид. Редовните крводарителски акции се одвиваат непречено додека пак младите се мотивираат преку социјалните мрежи да бидат дел од семејството хумани крводарители, но поради пандемијата и строгите протоколи кои не дозволуваат организирање поголеми јавни собири за да се промовира и унапредува крвдорителството намален е бројот на крводарители.

Охридската болнца и Црвен крст Охрид упатуваат апел за крводарување до сите кои ја извојуваа битката со Ковид-19 да им помогнат на оние кои во моментов се борат со вирусот за својот живот.

Инаку во големото охридско хумано семејство кое брои околу 1500 крводарители се почесто се приклучуваат и младите лица кои за прв пат даруваат крв и тоа најчесто од средните училишта и од факултетите.