Македонија
30. јуни 2016 - 16:40

Охрид освојува нови туристички пазари

Охрид освојува нови туристички пазари.Продолжува интензивната презентација на туристичката понуда пред потенцијалните земји како Кина, Русија Казахстан и Норвешка.

Тур оператори и новинари доаѓаат во главниот туристички центар за да се запознаат со природните ,културните богатства и богатата ризница која ја нуди градот.

Ова е само една од алките кои ќе допринесат за зголемување на бројот на туристите.

Според податоците од година во година се проширува и сезоната во Охрид.

Надлежните најавуваат дека со збогатена културна програма ќе ги привлекуваат туристите на 1 јули по 4ти пат стартува  манифестацијата Бело лето со која ќе се означи стартот на летната сезона во главниот туристички центар.