Охрид очекува добра посетеност за претстојните Велигденски празници
Велигденските празници традиционално носат голем број туристи и гости во Охрид, како од земјата, така и од странство, во најголем дел православни верници од соседните држави. Совпаѓањето на најголемиот верски празник кај православните христијани со првомајските празници претставува причина повеќе за продолжениот празничен викенд Охрид да забележи одлична посетеност.
Ова е оценката на угостителски работници кои веќе бележат зголемен интерес за резервации во хотелските капацитети. Главно, велат, се работи за гости од соседството, Србија и Бугарија, но и од Турција, но Охрид за Велигденските празници е посетен и од голем број домашни гости.
Очекувања за добар старт на годинашната туристичка сезона имаат и приватните издавачи на станови. Цените за сместување се од 400 денари за кревет до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе легла што, според нив, се поволни, а зависат од местоположбата и од категоријата на сместувачките капацитети.
Првомајските празници веќе години наназад се вовед и во главната летна туристичка сезона, со почеток доаѓањето на првите организирани групи странски туристи кои доаѓаат во Охрид во претсезоната. Најголем број од нив и оваа година се туристите од земјите на Бенелукс, чии први групи гости пристигнуваат во Охрид веќе на 3-ти мај. Станува збор за првата група туристи кои ќе летуваат во Охрид преку закупените аранжмани на холандскиот тур-оператор „Корендон“, кои доаѓаат со чартер-лет на Охридскиот аеродром. Првите гости што во Охрид ќе летуваат преку аранжманите на „ТУИ Аркетравел“ доаѓаатна 13 мај, а од оваа година за првпат Охрид како дестинација е на понудата и на белгискиот тур-оператор „Томас Кук“ чиј прв чартер авион со гости ќе пристигне во јуни.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та