Македонија
26. February 2019 - 16:22

Охрид нема решение за проблемот со кучињата скитници

Кучињата скитници сеуште горлив проблем во Охрид.Граѓаните постојано се жалат на глутниците,  кои ги има  речиси насекаде низ градот. Особено загрижува присуството на кучиња од  големите   раси,   кои секојдневно лаат и трчаат низ улиците сеејќи страв кај жителите и туристите.Пред само два дена малолетно девојче шетајќи на градскиот плоштад со својот татко беше каснато од куче во пределот на ногата.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Охрид станува  небезбедно место за живеење и побараа одговорност за малолетното девојче каснато од куче .

Од Комуналец велат дека станува збор за проблем кој трае со години и  бара системско решавање ,додавајќи дека ЈП во минатото и сега има исплатено огромни штети,

највисоката исплатена сума достигнала 70 илјди евра.

Од Охридски Комуналец најавија дека формирана е шинтерска служба и  набавени се две возила за транспорт на животните останува уште да се избере  ветеринарна служба која понатаму ќе се грижи за кучињата.