Македонија
5. July 2022 - 12:23

Охрид нема ниту доволно опрема ниту кадар за гаснење пожари

Зголемена опасноста од пожари поради високите температури а Охрид кубури со возила и кадар.Со оглед на тоа дека во летниот период има повеќе работа и интервенции како што посочуваат од охридската пожарна потребна е опрема за нивна лична заштита и безбедно пристапување на терен но и вработување на нови 7 пожарникари.

Беше донирана опрема за спасување од тешки сообраќајни несреќи и поплави но како што вети градоначалникот Пецаков се очекуваат и нови донации.

Инаку најстарото возило во територијалната противпожарна единица Охрид датира од 1983 година и не е во возна состојба додека најновото е од 2008 година.