Македонија
20. July 2019 - 19:49

Охрид не се откажува од надлежностите, ќе соработуваат со Владата

Охрид не бара од владата да ги преземе надлежностите туку заедно да работатат по  препораките на Унеско.Од локалната најавија дека општината нема испратено официјално барање до владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето.

Тие очекуваат заеднички преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор да  ги решаваат сите препораки на УНЕСКО се со  цел на наредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност.

Вчера премиерот Заев изјави дека покрај Струга  централната власт ќе ги земе ингеренциите и од градот Охрид и ќе се проверуваат сите записници за дивоградби. Додека пак градоначалникот на Охрид Георгиески на прес конференцијата по враќањето од Баку најави дека очекува помош од државата за рушење на дивоградбите бидејќи не може општината сама да се справи со проблемот .

Архитектот   Зарчев, кој своевремено како Претседател на тогашното Собрание на општина Охрид, бил вклучен во постапката за прогласување на Охрид како град на УНЕСКО вели дека тешко ќе се реши проблемот со дивоградбите кој се провлекува години наназад бидејќи се толерира неурбанистичко градење поради одредени политички и бизнис интереси .

Уривањето на дивоградбите е една од 19-те препораки на УНЕСКО. Општина Охрид изработи регистар со 409 бесправно изградени објекти во заштитениот појас , но според градоначалникот Георгиески од таа бројка, само десетина се големи објекти за рушење.Од локалната најавија дека моментално се

врши поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и дека ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирање на градежна механизација за рушење на дивоизградени објекти.