Бизнис
22. November 2019 - 21:09

Охрид меѓу топ 5 дестинации за посета во 2020

Охрид меѓу 5 те топ дестинации кои мора да се посетат во 2020 та година. Францускиот магазин  АД, посветен на декорација, уметност, архитектура и начин на живеење, ги предлага Охрид, карибскиот остров Аруба, Котор во Црна Гора, планината Барилоче во Пaтагонија и Ванкувер во Канада.

Магазинот пишува дека Северна Македонија е мала држава во Југоисточна Европа, која доби ново има по децении политичка дебата со соседна Грција. Причините поради  кои треба да се замине на одмор во Северна Македонија се затоа што е позната по својата  гастрономија,  по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети, пишува магазининот.

И додека светот бесплатно не рекламира,  туристичките асоцијации бараат да се исчисти отпадот, затоа што туристите, гледаат само губре. Промовираме планински  туризам, но наместо жардињери со цвеќе,  има  полни контејнери и губре. Аерозагадувањето е исто така проблем

Тонско. Ова е срамно за една држава која сака да се етаблира во регионот како добра туристичка дестинација. Туристите кога ќе ги прашаме за нивните импресии велат дека се задоволни од храната и гостопримството, но велат дека многу е валкано и оти мора да работиме на екологијата –вели Владимир Грамтиков, претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори

 За повеќе туристи, од овој сектор бараат поголема контрола од државата, повеќе инспекции на терен, расчистување со нелојалната конкуренција, затоа што чести биле случаите кога водичи и транспортери изигрувале туристички агенции.