Македонија
8. December 2016 - 19:47

Oхрид ќе привлекува туристи со изгрдба на спа центри

Преку подобрување и зголемување на услугите охридско струшкиот регион ќе освојува нови туристички  пазари. По теркот на светските метрополи со изградба на спа центри ќе ги привлекува и задржува туристите во текот на целата година .Туристичките работници сметаат дека природниот потенцијал треба соодветно да се искористи и понуди на пребирливите гости от светски пазар.

Од Хотам велат дека за овој вид на туризам потребен е специфичен обучен кадар .

Надлежните од областа на туризмот сметаат дека здружувањето  на различните понудувачи на услуги е единствениот пат за развој на туризмот и зголемување на бројот на туристите.