Македонија
14. October 2018 - 16:27

Охрид ќе ја збогати туристичката понуда со нови модерни гастрономски специјалитети

Врвни светски готвачи со Мишелин ѕвезди креираат специјалитети со атрактивни имиња кои што ќе бидат бренд во гастрономската понуда . „Охридска пастрмка  огледало на езерото“,  „Јагнешко во боите на есента“ „Суши од охридска риба“ , „ Канео десерт“ и  „Ѓеврек Самоилова тврдина“се само дел од новите јадења кои наскоро ќе се најдат на менијата во охридските ресторани и хотели.

Триесеттина готвачи од градот учеа од врвните кувари како од локалните продукти да креираат и понудат модерни  јадења.

За да се добие Мишелин ѕвезда потребно е многу работа и љубов и трепение.

„Водичот на Мишелин“ се смета за најзначаен и најдобар за ресторани и врвни готвачи, а се издава во повеќе од 20 земји во светот.

Манифестацијата „Охрид гастро тур“ што викендов се одржува во градот има за цел подигнување на квалитетот на гастрономската и туристичката понуда .