Бизнис
5. July 2018 - 19:39

Охрид како монденско летувалиште - закуп на плажа ќе чини половина милион евра

Оромни суми на надавањето за закуп на плажите во Охрид.Некои од најатрактивните на крајбрежјето достигнаа над 100 илјади евра за годишен закуп. Станува збор за петте најпосакувани плажи за стопанисување во центарот на градот. Четири од нив и тоа Потпеш, Канео, Куба Либре, Кадмо добија концесија додека  за една немало интерс.

Концесионерите се незадоволни велат дека многу инвестирале во уредување на плажите во изминатиот период а не добиле никаква предност .

Концесионерите кои ги изгубија плажите имаат обврска да ги вратат истите во првобитна состојба односно да ги отстранат сите градби .

Дали ќе има рушење на дел од плажите на охридското крајбрежје во екот на сезоната останува да видиме. Крајниот збор ќе го има општинската комисија, по завршување на комплетната процедура и роковите за жалба кога ќе се знаат концесионерите на плажите кои ќе стопанисуваат во изминатите пет години.