Македонија
7. November 2017 - 11:42

Охрид ја слави 73-годишнината од ослободувањето

Охрид денеска ја чествува 73-годишнината од ослободувањето на градот од фашизмот во Втората светска војна.

Чествувањата почнаа утрово со полагање цвеќе пред спомен-обележјата на борците од НОВ во градот, а ќе продолжат на пладне со културно-уметничка програма што ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.

Во 13 часот свечено ќе биде пуштен во употреба реновираниот објект „Развигорче“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Оваа установа попладне во 17 часот ќе го одбележи патрониот празник со свечена приредба што ќе се одржи во СРЦ „Билјнини извори“.

Чествувањето ќе биде заокружено со свеченост по повод воведувањето бесплатен курс за изучување на рускиот јазик во ОУ „Христо Узунов“, во соработка со почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, со почеток во 19 часот.