Бизнис
17. July 2018 - 21:30

Охрид и Струга заедно ќе привлекуваат туристи

Преку заедничка  промоција на Охрид и Струга како една туристичка дестинација која треба да се посети до повеќе гости. Туристичките работници сметаат дека разновидната и проширена понуда во која ќе бидат вклучени  сите крајбрежни подрачја  и отварањето на новите хотели ќе ја зголемат атрактивноста .

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко вели дека со воведувањето на директните авио линии  и инвестициите во туризмот се зголемува бројот на туристите.

Инаку двата крајезерски града ова лето се полни со туристи како од нашето опкружување така и од странство,додека во  предсезона, преовладуваа гостите од земјите од Далечниот Исток, преку “Балканските тури”.