Македонија
16. August 2022 - 12:22

Охрид и ова лето без најавуваната “марина”

И ова лето Охрид остана без долгонајавуваната марина. Со оглед на тоа што каналот Билјанини Извори е претесен за огромниот број на пловила, а воедно и се загадува најголемото зимувалиште на плашицата екологистите посочуваат дека најидеална локација за изградба на марина е населбата Даљан која би била градена по еко стандарди согласно препораките на Унеско.
 
Потребата од изградба на марина со вода, струја и дотур на гориво, последните години е се поголема. Моментално во каналот се бара паркинг место за пловилата.
Со децении се дебатираше се нудеа проекти и локации за изградба на марина но од сето тоа сеуште ништо. Од ЈП Билјанини извори велат дека за да одговори на потребите на барателите и годинава се нуди сува марина.