Loading Video...
Ракомет
24. April 2021 - 18:18

Охрид и Бутел Скопје одиграа без победник

Во рамките од 9.колоо на машката ракометна Супер лига, екипите на Охрид и Бутел Скопје одиграа неизвесен меч до самиот крај. Откако првиот дел заврши израмнето 10-10, и во второто полувреме двете екипи имаа свој период на игра, а во самата завршница  се играше гол за гол, па на крајот се чини најправиче е нерешениот исход во кој двата тима постигнаа по 22 гола.
 
Тиомот на Бутел останува на 4.место на табелата сега со 11 бодови, а Охрид петти со 9.
 
Пред нои се екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер кои вчера славеа победи, и тоа, вардарци ја совладаа втората екипа на Е.Пелистер со 33-26, а првиот тим на битолчани беше подобар од Струга со 30-16. 
 
Трето рангираниот состав на Пролет загуби од Металург со 29-22. 
 
Следува пауза до 9 мај поради настапот на машката селекција во квалификациите за ЕП и претсојните два натпревари со Финска на гости во среда односно следната недела кога во Скопје ја пречекуваме Швајцарија. 
 
Селекторот и капитен Кирил Лазаров утре ќе ја има првата прозивка на играчите кои се најдоа на неговиот поширок список.