Бизнис
27. September 2018 - 19:50

Охрид гради фабрика за депонија

Кај депонијата Мауцкер на самиот влез од Охрид ќе се гради фабрика за отпад.

Додека се чека изградбата на регионалната депонија која се најавува години наназад градот мора да изнајде решение за сметот.

Моментално се работи на физибилити студијата која на долг рок ќе биде една од алтернативите за управување и расчистување на депониите и која треба да покаже дали општината или приватен инвеститор ќе ја гради еколошката фабрика .

Денеска започна првата фаза од  расчистувањето на  депонијата  Мауцкер, каде во иднина е планиранo да се префрли ЈП Охридски Комуналец“и  да се изгради стационар за бездомните кучиња.

Санацијата на депонијата кај Мауцкер според надлежните е почеток за решавање на проблемите со дивите депонии кои никнуваат на секој чекор во градот.