Бизнис
5. January 2018 - 21:07

Охрид годинава со помалку пари за туризам

Охридските советниците од власта и опозицијата со спротиставени ставови  во поглед на буџетските ставки за туризам и локален економски развој. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека буџетот за туризам во општина Охрид е намален за 12 милиони 500 илјади денари и покрај тоа што оваа гранка е иднината на градот и значи континуирано отварање на нови работни места.

Градоначалникот Стојаноски потенцира дека основниот буџет за туризам е ист како оној за 2017 година.

Буџетот на општина Охрид за 2018 година тежи повеќе од една милијарда денари и е за околу 50 милиони денари помал од ланскиот.