Македонија
20. January 2020 - 16:38

Охрид го прослави денот на рибарите

Чествувања во Балканскиот Ерусалим продолжија  и денес на празникот Свети Јован Крстител со уникатната манифестација Денот на рибарите.

Со капење на рибарите и фаќачот на крстот со неговата тајфа во езерските води ,еден и пол тон рибна чорба, греана ракија ,вино и пача Охрид остана верен на вековната традиција.

Традиционално рибната чорба ја подготвија професори и ученици од средното угостителско училиште Ванчо Питошески.

Околу 5000 порции, беа послужени на присутните гости на манифестацијата а дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

Огромен број на посетители уживаа во манифестацијата а повозрасните охриѓани ги прераскажаа старите рибарски приказни и обичаи.

Денот на рибарите во минатото го означувал крајот на забраната за риболов на охридската пастрмка во езерото после зимскиот мрест.