Македонија
21. јуни 2016 - 20:32

Охрид го одбележува Денот на Охридското Езеро

Поголема заштита на Охридското езеро како природно наследство од македонска и албанска страна и подигање на свеста од најмала возраст е пораката која денеска симболично завиткана во стаклено шише беше испратена до сите граѓани од двајцата градоначалници на Охрид и Поградец на одбележувањето на Денот на езерото 21 јуни.

Одлевањето на отпадните води и урбанизацијата остануваат најголемите проблеми со кои се соочува езерото од албанска страна.

Првиот ден на летото 21 јуни да биде прогласен за Ден на Охридското езеро беше донесена во 2000 година како одлука на членовите на Бордот за заштита на езерото.