Бизнис
28. May 2016 - 16:32

Охрид - Една од најпосакувана локација во земјава за инвестирање во недвижен имот

Охрид привлечен  за инвестирање во недвижен имот.Централното градско подрачје ,Бињанини извори и крајезерските населби Елешец,Лагадин и Рача се најпосакуваните локации за купување на куќи ,станови и вили во главниот туристички центар.Пазарот на недвижностите е многу активен особено интересот за купување на станови.

Цените на становите за разлика од минатата година не бележат значителна промена и во зависнот од местоположбата се движат од 650 до 1200 евра по метар квадратен а на најатрактивните локации како и со повисок квалитет на градбата достигнуваат и до 2 ијади евра.

Познавачите на пазарот на недвижности во иднина се надеваат на повторно зголемување на понудата бидејќи наскоро се очекува носење на нови урбанистички планови  .