Македонија
3. August 2018 - 12:23

Охрид е преполн со туристи

Охрид го живее шпицот на летната сезона.Градот е преполн со гости од сите краеви ширум светот.

Хотелските и приватните капацитети се исполнети а деновиве се бара кревет повеќе. Посетителите презадоволни од убавините уживаат долж ривиерата, плажите, рестораните и кафетериите.

Бројните културно забавни манифестации и концерти кои се организираат за сечиј вкус дополнително привлекуваат огромен број на гости.

Прошетките со брод по охридското езерото остануваат атрактивни за посетителите.

Иако променливите временски услови оваа година не се на страна на охриѓани сепак градот е исполнет со туристи најбројни се оние од земјите  од Бенелукс, Израел, Полска, Турција кои организирано летуваат на брегот на езерото  а бројни се и туристите од нашето соседство и домашните.