Македонија
25. January 2021 - 12:35

Охрид доби рибарски алманах во дигитална форма

Рибарскиот алманах во дигитална форма со колекција од 150 рибари ги разбуди спомените кај охриѓани. И денес рибарскиот алат на познатите семејства, кои со децениии се занимавале со овој занает стои за спомен и сведочи за едни убави времиња.

77 годишниот Љупчо Чаулев е охриѓанецот кој може да се пофали со најголемата уловена пастрмка во Охридското езеро, во далечната1971 година тешка 22 килограми.

Во минатиот век будно се следела состојбата со рибниот фонд во Охридското езеро. Предците ловеле но го почитувале езерото.

Од историскиот архив посочија дека ваков проект се подготвува и за Струга, но во наредните години, ќе се презентираат и останатите рибари кои сега не биле во можност да ги претстават дигитално.