Македонија
2. May 2016 - 16:33

Охрид блесна со ново улично осветлување

Охрид блесна со новото улично осветлување. Поставени  се 7872 улични светилки, 105 нови рефлектори на историските споменици и 461 афтентичен фенер во стариот дел на градот.

Станува забор за доста штедливи светилки кои заштедуваат речиси 80% од електричната енергија а исто така и не влијаат штетно врз животната средина.

Уникатноста на инвестицијата е во тоа што се замена осветлувањето на целата територија на општина Охрид.

Чешката фирма ИЦС Системи која во мај минатата година склучи договор со локалната самоуправа за јавно-приватно партнерство, ќе се грижи за јавното осветлување во градот во наредните 15 години.

Вкупната вредност на инвестицијата е 3.500.000 евра.