Македонија
18. јуни 2021 - 16:43

Охрид без оптимизам за задржување на статусот во Унеско

Куќите во стариот дел на градот кои се доградуваат и надградуваат го нарушуваат автентичниот изглед на Охрид.Грижата за културното и религиозното наследство е во релативно добра состојба посочуваат од Завод и Музеј но поставување на соларни колектори на куќите, тенди, сателитски антени и друга урбана опрема претставуваат проблем за градот под закрилата на Унеско.

Од Завод и Музеј велат дека Унеско нема да пресуди во наша полза бидејќи станува збор за проблеми наталожени три децении кои го загрозуваат охридскиот регион.

Инаку во извештајот на Унеско покрај прекумерната и неконтролирана урбанизација, бавноста во справувањето со дивоградбите, се критикува и за ниската свест кај локалното население, за неговиот однос кон природните и културните вредности со што се нарушувал ликот во старото јадро заради кој Охрид го има добиено овој статус.