Loading Video...
Свет
1. February 2021 - 21:40

Охрабрувачки резултати од вакцинацијата - Втората доза може да стави крај на пандемијата

Првите истражувања покажуваат дека досегашната имунизација во Израел го намалила бројот болнички случаи и заразени од ковид. Во оваа земја се вакцинирани 56 проценти од населението. Секој ден се вакцинираат по 200 000 луѓе.  

Со двете дози на Фајзер веке се имунизирани 70 насто од лицата над 60 годишна возраст.  Веќе се познати и првите ефекти на ваквиот обемен и брз процес на вакцинација. Израелското министерство за здравство објави дека само 0,04 проценти од граганите кои ги добиле двете дози  се заразиле од ковид една недела откако биле вакцинирани. Од тие 16 или 0, 002 проценти завршиле во болница. За израелските лекари тоа е доволен доказ дека вакцинирањето може да ја запре пандемијата, но парадоксално е дека и покрај ваквите резултати земјата е во трет локдаун кој се припишува на брзото ширење на мутираниот сој на вирусот. Здравствените власти велат дека во моментов се во мртва трка со британскиот ковид, но прогнозораат дека една недела  откако ке се постигне бројката од 70 проценти на имунизација со втората доза, конечно ќе го победат вирусот, а тоа според плановите на владата ќе се оствари до март.

Сепак не се сите искуства исти. Во Норвешка се имунизирани сите лица во старските домови, но притиоа дојде до трагедија. Во тек е истрага за 25 постари лица кои починале по вакцинацијата. Нуспојавите кај Фајзер вакцината во принцип се локални и благи, но во поретки случаи и ма и сериозни последици како анафилактички шок како ракција на некоја од компонентите во вакцината. Кај постарите лица кои се сонежно здравје забележани се и високи температури, мачнина и дијареја. Поради тоа институтот во Норвешка излезе со нови препораки за РНК вакцините, каде што се бара од лекарите кои ги водат постарите од 80 години, индивидуално да проценат дали лицето може да добие вакцина.

Од друга страна во употреба се и руската и кинеска вакцина. Дојче Веле информираше за случај на свој репортер кој откако вакцинирал со Спутник имал контакт со болен, по што имал благи симптоми на ковид но не заболел. Тестот покажал дека вакцината развила антитела кои го заштитите од болеста. Кога се работи за кинеската вакцина, резултатите се контрадикторни.

Во Бразил таа првично беше оценета како 78 проценти ефикасна, но подоцна ова беше редуцирано на 50 проценти. Според турските истражувања кинеската вакцина се покажа како 90 проценти ефикасна.