Македонија
8. August 2017 - 15:34

Огромно полициско обезбедување, погледнете ја атмосферата пред Националната Арена Филип II

Огромно полициско обезбедување може да се забележи пред Националната Арена Филип II во пресрет на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој ќе се одигра вечерва со почеток во 20:45.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземени сите безбедносни мерки за Супер купот да помине во најдобар ред. Ќе бидат обезбедени фан зоните, а посебно обезбедување е предвидено за играчите на двата тима. 

Ангажирани ќе бидате над 2.000 полицајци кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните кои ќе бидат присутни на натпреварот. Се обезбедува целиот простор околу арената, фан зоните каде ќе бидат навивачите и целото централно градско подрачје