Огромните пожари во Австралија може да станат редовна појава, предупредуваат научници
Австралиската Влада и некои медиуми се обидуваат да ја минимизираат улогата на климатските промени предизвикани од човекот, но податоците покажуваат дека планетата е многу поранлива од такви појави.
– Ние нема да го спречиме трендот на затоплување на климата во блиска иднина, така што непогоди како ова ќе продолжат да се случуваат, рече Ричард Бетс, директор на Одделот за истражување на климатските промени во британската метеоролошка служба.
Систематизацијата на податоците од 57 извештаи покажува дека се повеќе се забележуваат услови кои британските научници ги нарекуваат „огнено време“. Тоа е комбинација на високи температури, мала влажност, слаби врнежи од дожд и засилен ветер.
Истиот ефект што климатските промени го имаат врз Австралија е причина за поголеми пожари во западните држави на САД, Јужна Европа, Скандинавија, Амазонија и Сибир.
Глобално, сезоната на пожари се продолжила за 20 проценти, велат научниците.
Според Светската метеоролошка организација, до крајот на векот, просечната температура на Земјата ќе се искачи за 3 до 5 Целзиусови степени доколку не се намалат обемот на штетни гасови ослободени во атмосферата.
Тоа е трипати над договореното ниво во Парискиот договор за климата од 2015 година.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци