Македонија
20. April 2018 - 14:38

Огромна змија ги исплаши студентите во „Стив Наумов“- тие прашуваат, уште ли нема нафта за да се искоси тревата?

Голема змија денеска ги преплаши студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

- Змијата беше пред 3/4 барака и побегна низ тревата и се изгуби, препорачуваме прозорци да не оставате отворени да не добиете несакан цимер, напиша еден од студентите на ФБ групата.

Друга студентка, прашува -уште нема нафта за да се искоси тревата?

- И сеа шу праиме? Уште нема нафта за да се искоси тревата???, напиша таа.

Условите во студентските домови од ден на ден стануваат се полоши. Изминатиов период, токму во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје повеќе од еден месец немаше топла вода, тврдеа револтирани студентите од овој дом.