Македонија
22. December 2015 - 13:12

Огромна сума на пари и злато украдени од куќа во Прилеп

Во куќа на улицата „Борис Кидрич“ во Прилеп извршена е тешка кражба при што се украдени пари и злато во вредност од околу 30 илјади евра.

Кражбата се случила вчера околу 16:15 часот во домот на Ц.П. Крадецот ја скршил влезната врата  и ги одзел парите и златото.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица од Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. бак/са/13:04