Свет
10. October 2019 - 12:09

Огромна експлозија на аеродром во Австрија: Две лица повредени во Линц, густ чад го прекри небото

Во експлозија кај аеродромот во Линц потешко се повредени две лица, пренесе германската агенција ДПА.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во хала за собирање ѓубре, а причината засега е непозната.

 

Покрај двајцата потешко повредени лица има уште тројца полесно повредени. На местото на експлозијата се упатија 13 противпожарни возила.