Живот
24. February 2016 - 10:37

Огромен питон влегол во креветот и го каснал детето за главата

Крикот на двегодишното момче, разбудил една мајка од Австралија. Кога стигнала во неговата соба, таа нашла хорор сцена - огромен питон влегол во креветот на детето и го гризал за главата, пренесува Дејли Меил.
 
Мајката ја тргнала змијата од детето, која била долга три метри и за која се уште не се знае како влегла во собата на детето.
 
Сепак, змијата успеала да го гризне неколку пати за главата и лицето пред да дојде неговата мајка и да го спаси.
Змијата на крај ја убил пријател на семејството кој дошол на помош.
 
Од досегашните информации питонот не бил домашно милениче.