Балкан
20. July 2019 - 22:06

Огромен пајак ги преплаши капачите на Јадран: Повеќе не влегувам во море, би умрела истата секунда

Бројни животински видови се снимени ова лето како пливаат по Јадранот - змија, кокошка, коза, а сега и огромен пајак.

Бањајќи се на плажа во местото Пољица недалеку од Трогир некој фотографирал глетка која избезуми бројни капачи.

Имено, на фотографијата објавена на Фејсбук страницата Дневна доза просечен Далматинец се гледа како на заштитната ограда во морето се качил огромен пајак.

Многумина во коментарите признаа дека ова ги одвратило од бањањето.

„Се сум очекувала ама ова? Нема пливање до бовите повеќе“, „Нема повеќе да се бањаме“, „Би умрела истата секунда ова кога ќе го видам“, „Би ми прснало срцетО“, „Јас повеќе не влегувам во море“, напишаа тие.