Македонија
12. July 2018 - 10:57

Оградување парцела за нови градски гробишта во Валандово

 Општина Валандово распиша јавна набавка за ангажирање градежна фирма, која ќе изврши оградување на планираната парцела за нови градски гробишта.

Парцелата предвидена за новите градски гробишта зафаќа површина од 12.400 квадратни метри и ќе се огради со бетонска и метална ограда, за која општината ќе издвои два милиони денари од сопствениот буџет.

Од општината потенцираат дека со реализацијата на проектот за новите градски гробишта во Валандово, ќе се решат и децениските проблеми со кои жителите од градот се соочуваа при погребување на своите блиски.