Македонија
28. November 2017 - 15:04

Ограбил казино со закана со рачна пила

Четириесет и две годишниот Д.А, од Скопје со закана со пила викендов ограбил казино во Скопје.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје против Д.А. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

- На 26. 11.2017 година во казино на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, пријавениот со закана со рачна пила, одзел околу 126.570 денари. Истиот ден бил извршен претрес во домот на пријавениот каде бил пронајдени поголем дел од одземените пари. Остатокот ги потрошил за свои лични потреби, наведуваат од МВР.