Македонија
2. јуни 2017 - 13:44

Ограбено Тобако во Капиштец

Непознато машко лице доцна синоќа украло 25.000 денари од Тобако „Екстра Кофи“ во Капиштец.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил околу 23 часот на улицата „Народен Фронт“. Разбојникот најпрво и се заканил на вработената со огнено оружје по што ја извршил кражбата.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.