Македонија
27. October 2017 - 13:49

Ограбено казино во Скопје, одземени 130 илјади денари

Непознато лице со закана од пиштол од вработениот во казино во Скопје ноќеска, час и половина по полноќ, одзело 130.000 денари.

По извршеното разбојништво во казиното кое се наоѓа на булевар „11 Октомври“ во Скопје, сторителот избегал во непознат правец. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.