Македонија
18. November 2017 - 15:09

Ограбени вагони во објект на МЖ-Трубарево

Четириесет и седум годишниот О.Т., шеф на Железничката станица Трубарево десет минути по полноќ пријавил во полиција дека во временскиот период од 9 до 17 ноември непознат сторител во објект на МЖ - Трубарево извршил тешка кражба во вагони.

МВР информира дека сторителот незабележан од никого со употреба на физичка сила и погоден алат од пет вагони одзел осум квачила за приклучување на вагони и незабележан од никого заминал од местото на настанот.

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Се работи на целосно расчистување на случајот.