Македонија
3. November 2017 - 14:03

Ограбени две обложувалници

Вчера околу 20.40 часот во спортска обложувалница на ул. „Теодосиј Гологанов“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво над вработените. Сторителот со закана со пиштол го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Исто така вчера околу 23.00 часот во спортска обложувалница на ул. „Тодор Ципоски Мерџан“ во Тетово непознат сторител извршил разбојништво над вработениот.

Сторителот со закана од нож од вработениот одзел околу 25.000 денари и побегнал во непознат правец. СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.