Македонија
27. August 2017 - 11:42

Ограбена старица во кичевско: Разбојници ја испрскале со солзавец и и одзеле 30 илјади евра вредно злато и девизи

Две непознати маскирани лица вчера извршиле разбојништво во куќа во кичевското село Мамудовци, при што одзеле злато и девизи, причинувајќи материјална штета од околу 30.000 евра.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 10:00 часот во село Мамудовци-кичевско, во куќа сопственост на Р.А.(75), две непознати маскирани лица, извршиле разбојништво, при што одзеле 63 златни пари (даблони), 360 швајцарски франци и друг разновиден златен накит, со што причиниле материјална штета од околу 30.000 евра.

Разбојниците откако влегле во куќата, со спреј-солзавец ја испрскале Р.А. по очите, а потоа физички ја нападнале. Откако извршиле пребарување, ги пронашле и одзеле парите и останатите предмети, по што го напуштиле местото на настанот. На Р.А. и била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево, каде и биле констатирани телесни повреди.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичното дело.