Македонија
26. April 2016 - 12:47

Ограбена спортска обложувалница во скопско Ново Лисиче

Во Скопје на бул.„Видое Смилевски-Бато“ синоќа во 20:30 часот извршен е грабеж во обложувалницата „Вил Хил“.

Како што денеска соопшти МВР, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво и од вработениот одзеле засега неутврдена сума на пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.