Македонија
17. February 2016 - 15:20

Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Околу 21 часот и 48 минути на улицата „Коста Новаковиќ“ во Скопје, синоќа во спортска обложувалница непознат маскиран сторител, со закана со пиштол, извршил разбојништво над вработената.

Сторителот одзел околу 70.000 денари по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање и целосно расчистување на настанот.