Македонија
17. јуни 2018 - 11:46

Ограбена спортска обложувалница во Аеродром

Вчера вечер во 19.45 часот во спортска обложувалница на бул. „Видое Смилевски Бато“во Скопје, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво.

Сторителите со закана со огнено оружје од вработената одзеле пари од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.